3,1K
Леванте за краток период стана кошмар за Атлетико Мадрид, тимот на Енис Барди за четири дена успеа да скрати пет планирани бода од контото на тимот на Диего Симеоне.
Откако во средата во заостанатиот меч одиграа 1-1, денеска победија со 2-0 и тоа во Мадрид.
Леванте поведе со гол на Моралес во 30. минута.
До крајот на мечот, особено во второто полувреме Атлетико Мадрид со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но не им одеше.
Во 95. минута при еден корнер и Облак се пресели во шеснаесетникот на Леванте, а откако не успеаа да постигнат гол, Де Фрутос од средина на теренот го погоди празниот гол за победа од 2-0.
Енис Барди го одигра целиот натпревар.