Леванте и Барди останаа со празни раце, големата грешка од првиот дел се покажа како кобна (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последниот меч
од 26. коло во Ла Лига, Леванте на нашиот Енис Барди ја загуби пресметката со
Леганес. Домаќините славеа со минимални 1-0 и тоа благодарејќи на еден кикс на
голманот Абарис.

Во 13. минута од
мечот, Леганес тргна во контра а Абарис несфатливо истрча на 30 метри да
расчистува и покрај тоа што позицијата на домаќините не беше толку опасна а
имаше и играчи на Леванте кои можеа да покријат. Тој само кратко одби и
креираше шанса која Оскар на мајсторски начин ја искористи и без да гледа кон
голот ја затресе мрежата.

Кон финишот на
првиот дел, Барди можеше да изедначи откако самиот си направи шанса, но
неговиот удар од врвот на шеснесетникот заврши во стативата. Леванта постигна
гол во второто полувреме, но погодокот на Мајорал беше поништен поради прекршок
во напад, па резултатот на крајот гласеше 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани