Левандовски испиша историја, Баерн лесно до двојната круна (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Нико Ковач иако
беше често критикуван и се најавуваше негово заминување, ја заврши сезоната со
двојна титула. Откако ја освoија Бундеслигата, „баварците“ вечерва триумфираа и
во Купот на Германија.

Баерн лесно ја
доби пресметката со РБ Лајпциг во финалето и на крајот славеше убедлива победа од 3-0.

Роберт
Левандовски постигна два гола и испиша историја. Тој со 6 погодоци стана
најдобриот стрелец во Берлин и финалните средби од купот.

Во листата на
стрелци се запиша и Кингсли Коман, кој имаше убав соло пробив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани