97
Во пресрет на реваншот против Лацио во Лигата на шампионте, Роберт Левандовски открива дека токму од Италија биле неговите идоли додека бил мал.
„Се сеќавам кога имав шест години тогаш имаше само еден идол за мене, Роберто Баџо“, вели Левандовски.
„Потоа, Алесандро Дел Пјеро стана мој херој, навистина го почитував него. Но бев премногу мал за навистина да ги разберам неговите карактеристики или стил на игра“.
„Потоа кога пораснав, го сакав Тјери Анри, неговите движења, трчањето во простор, головите, победите, тоа беа квалитетите кои саав да ги имам. Сакав да го имитирам во се“.