2018 е година за
заборав за „Панцерите“, кои најпрво разочараа на Светското првенство и беа
елиминирани уште во групата, за потоа да имаат срамен настап во Лигата на нации, каде
доживеаја преселба во ранг подолу.
Па Јоаким Лев
реши да превземе радикален чекор и да ги отпише Матс Хумелс, Томас
Милер и Џером Боатенг. Искусното трио на Баерн заедно има 246 настапи во дресот
на Германија, и беа клучен дел од големиот успехот и златото на мундијалот во 2014.
„2019 е година за
нов старт на германскиот национален тим. Сакаме да донесеме некои нови лица и
убеден сум дека ова е правиот чекор. Младите играчи ќе добијат простор и време
целосно да се развијат“ – вели селекторот на Германија.
„Па затоа решив
Џером Боатенг, Матс Хумелс и Томас Милер повеќе да не бидат дел од
репрезентацијата. Сакав лично да им објаснам на играчите и на лидерите на Баерн
што мислам и кои се моите планови“.