Лесни победи и три бода за Сити и Ливерпул, свирежи за Јунајтед по новото разочарување (ВИДЕО)

by
2 минути читање

„Граѓаните“ не го
даваат првото место на табелата, избраниците на Гвардиола попладнево лесно со
0-4 триумфираа во Лондон против Вест Хем.

Силва донесе рано
водство, Стерлинг зголеми на 0-2 во 19. минута а Сане 15
минути подоцна
реализираше за 0-3 и веќе тука беше јасно кој ќе стигне до трите бода. Длабоко во
судиското надополнување, Сане го постигна својот втор гол и го постави
конечниот резултат.

Ливерпул
проодлжува да го следи Манчестер Сити, избраниците на Клоп со 0-3 триумфираа
кај Ватфорд. За првиот гол се чекаше дури до средината на второто полувреме
кога Салах на асистенција на Мане погоди за 0-1. Александер Арнолд со прекрасен гол од слободен удар ја дуплираше
предноста, а пред финишот на мечот, Фирмино ја заокружи победата од 0-3.

Манчестер
јунајтед им приреди ново разочарување на фановите, на Олд Трафорд одигра меч
без погодоци против Кристал Палас. „Ѓаволите“ прикажаа премалку, Лукаку погоди во вториот дел но голот му беше поништен поради офасајд, а на спротивната страна Де Хеа со добра двојна интервејција го сочува својот гол. Таунсенд можеше да го шокира противникот но промаши зицер. Избраниците на Мурињо сега заостануваат 14 бода зад лутиот градски ривал, па по крајот на мечот добија свирежи од своите фанови.

Клаудио Раниери
во својот прв меч на кормилото на Фулам донесе победа од 3-2 против Саутемптон.
Евертон со минимални 1-0 го совлада Кардиф а Брајтон и Лестер одиграа 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани