67
Иако до вчера беше во Милан, Леонардо сака еден од првите трансфери по враќањето во ПСЖ да му е токму од овој клуб.
Според „Ла Стампа“, Леонардо е подготвен да понуди 60 милиони евра за да го донесе Донарума во ПСЖ.
Но, ова може да биде и добро за Милан ако зборуваме за финансиите на клубот. Донарума е продукт на росонерите па тој ќе биде чиста заработка.
Леонардо исто така го сака и Сергеј Милинковиќ Савиќ од ПСЖ.
За Србинот подготвуваат понуда од 75 милиони евра, а него ќе му дадат петгодишен договор со плата од 5 милиони евра по сезона.
Лацио имаше поставено цена од 120 милиони евра за СМС, но таа падна по неговите не толку убедливи перформанси минатата сезона.