Леонардо вели дека ниту имало договор, ниту има и порачува: Една работа е јасна, иднината на Нејмар зависи од Барса

by
1 минути читање

Изминативе денови
имаше многу гласини за преселбата на Нејмар на Камп Ноу, од тоа дека паднал
договор до тоа дека зделката е на чекор до пропаѓање.

Синоќа со изјава
излезе спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо кој објасни дека ниту имало договор
за трансфер на Нејмар, ниту пак има. Тој во исто време појасни дека преговорите
не се пропаднати, и порача дека се зависи од Барселона.

„Нашата позиција
е јасна, добро познато е што бараме. Искрено, за прв пат добивме понуда во
пишана форма на 27. август. Отворени сме за идејата да бидат вклучени играчи во
зделката, но ниту имало договор, ниту пак има“
– вели Леонардо.

„Доколку
пристигне добра понуда, Нејмар ќе замине. Преговорите продолжуваат, не сме
поставиле краен рок, но има само уште неколку дена со оглед на тоа дека
трансфер периодот завршува на полноќ во понеделник“.

„Нејмар јасно ни
стави до знаење дека сака да замине и да се врати во Барселона. Доколку добиеме
понуда која ги задоволува наши
е барања, ќе му ја исполниме желбата, доколку не
добиеме, тој ќе остане. Едно е јасно, се зависи од Барса“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани