Лено фати два пенали, Фулам го елиминира Манчестер Јунајтед од ФА Купот (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Фулам ќе играат четвртфинале во ФА Купот, откако по пенали го совладаа Манчестер Јунајтед по пенали со 3-4 (1-1).

Натпреварот на „Олд Трафорд“ понуди голема борба, имаше два гола до продолженијата, а потоа Бернд Лено фати два пенали и го одведе својот тим до победата.

Резултатот во Манчестер го отвори Баси во 46. минута од првото полувреме. Во вториот дел Бруно Фернандеш погоди за израмнување и 1-1 во 71. минута. Имаше Јунајтед шанси да дојде до победата, ама не искористи неколку добри шанси.

Мечот влезе во пенал рулетот, по три серии немаше промашувања, а тогаш Лено ги одбрани ударите на Линделоф и Зиркзе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани