Хорхе Валдано даде свое видување за новиот тренер на Реал Мадрид и можноста еден од Жозе Мурињо, Јирген Клоп, Дидје Дешам, Маурисио Покетино или Лионел Скалони да седне на жешкото столче на „Бернабеу“.
„Кралевите“ се во потрага на нов тренер, Алваро Арбелоа не покажа дека заслужува на долг рок да го предводи првиот тим, па Флорентино Перез и неговите соработници разгледуваат неколку опции.
Низ медиумите кружат многу гласини, на листата со желби се имиња како Жозе Мурињо, Јирген Клоп, Дидје Дешам, Маурисио Покетино и Лионел Скалони.
Своето видување за ситуацијата даде Хорхе Валдано, кој прешкрта тројца од петмината.
„Мурињо е завршена приказна, мислам дека нема да се врати“ – вели Аргентинецот кој беше дел од Реал Мадрид и како играч и како тренер.
„Покетино е тренер кој два пати беше многу блиску до преселба во Реал Мадрид, па јасно е дека тој е тип на стратег кој е особено привлечен за клубот“.
„Дешам е светски шампион и може одлично да се вклопи во Реал Мадрид. Да не забораваме дека соработува со играчи како Чуамени, Камавинга и Мбапе, очигледно добро ги познава и знае како да ги менаџира“.
Тој потоа додаде: „На Клоп му е потребно најмалку една година за да го изгради тимот. Потребно му е време за да се стигне до физичката подготвеност потребна за неговиот стил на игра. И не можам да замислам дека клуб како Реал Мадрид ќе му даде една година, тука резултатите секогаш се на прво место“.
„Што се однесува до Скалони, и тој е светски шампион и не се сомневам во неговите квалитети, но тој нема искуство како тренер на клуб. Премногу ризично е Реал Мадрид да му биде искуство на клупско ниво, и мислам дека нема да биде добар потег“.