122
Иако пред само
неколку недели му даде целосна поддршка на својот менаџер, Лестер вечерва реши да му врачи отказ
на Клаудио Раниери.
Италијанецот пред
девет месеци испиша убава приказна и на големо изненадување му ја донесе на
Лестер титулата во Премиерлигата.
Но „Лисиците“
решија сентименталноста да ја стават во втор план и по серијата лоши резултати да се разделат со
стратегот.
Ваквата одлука не
му се допадна на Гери Линекер кој остро го осуди потегот на шампионот на
Англија.
„По се што
Клаудио Раниери направи за Лестер, да му се даде отказ сега е необјасниво,
непростиливо и навистина тажно” – напиша легендата на „Лисиците“ на Твитер.