Легендата на Германија: Геце како тргнал ќе заврши во Кина!

by
2 минути читање

Германецот важеше
за голем талент но го немаше посакуваниот прогрес по трансферот во Баерн Минхен.

Марио Геце не
можеше да се избори за место во првиот тим на Алианц Арена, па минатото лето се
врати во Борусија Дортмунд во обид да ја врати кариерата на прав пат.

Но тој игра под
очекувањата и на Сигнал Идуна Парка, па често е дел од клупата за резерви.

Неговото име
одново се поврзува со Јирген Клоп и Ливерпул, но според Лотар Матерус,
„Црвените“ повеќе не го сакаат играчот.

Тој исто така
предупредува дека „златното момче“ на Германија од мундијалот во Бразил би можел да заврши во Кина.

„Најпрво замина од
Минхен а сега е на пат да замине од Дортмунд? Тоа не е решение
– вели легендата на Германија за
Билд.

„И каде би се
преселил? Да бидам искрен, можеби ќе звучи грубо, но доколку Геце не успее во
Дортмунд, треба да оди во Кина
.

„Нема да се
пресели во Шалке, не се вклопува во Леверкузен а Менхенгладбах не може да си го
дозволи Геце
.

„Топ клубовите од
странство повеќе не го сакаат
.

„Повторувам, ако
не може да се наметне во Дортмунд и очекува слична плата на друго место, ќе
заврши во Кина. И тоа ќе биде патетично за толку млад играч
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани