Легендарен фудбалер на Баерн Минхен стана селектор на Грузија

by
0 минути читање

Грузија потврди дека нов селектор на нивната фудбалска репрезентација е легендарниот дефанзивец на Баерн Минхен, Вили Сањол. Тој стави потпис на двегодишен договор со федерацијата од оваа земја.

Сањол девет години беше член на Баерн Минхен, од 2000 до 2009 година, претходно играше за Сент Етјен и Монако. Има 58 настапи за француската репрезентација.

Од 2014 до 2016 беше тренер на Бордо, а потоа асистент во Баерн Минхен, сега го презема кормилото на Грузија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×