Килијан Мбапе треба
да биде „бомбата“ на трансфер пазарот следното лето. Напаѓачот е обврзан кон
ПСЖ до 2022, но нема абер за продолжување на верноста па се почесто се пишува
за неговата иднина.
Денешното издание
на „Ле Паризиен“ вели дека мали се шансите Французинот да стави потпис на нов
договор, па реално сценарио е трансфер во 2021 година.
Четири клубови се
посочуваат како опции, а прв фаворит е Реал Мадрид. „Кралевите“ веќе во два
наврати се обидоа да го купат, првиот пат кога тој имаше само 14 години и беше
во посета на „Бернабеу“ и „Валдебебас“ и се сретна со идолот Кристијано Роналдо.
Вториот обид беше во 2017, кога Килијан Мбапе го напушти Монако за преселба во
Париз.
Конкуренција на
Реал Мадрид ќе му бидат Ливерпул, Јувентус и Барселона.
Јирген Клоп е
голем фан на играта на Килијан Мбапе и се верува дека е во постојан контакт со
Французинот и луѓето кои се грижат за неговата кариера.
Неодамна беше
објавено дека Јувентус подготвува 400 милиони за ангажман на Килијан Мбапе,
„старата дама“ дури е подготвена да го вметне Кристијано Роналдо во зделката.
Што се однесува до
Барселона, ќе има избори на Камп Ноу за нов претседател и се шпекулира дека кандидатот Виктор Фонт веќе
прави математика и напори да го ангажира Килијан Мбапе доколку седне на чело на клубот.
„Ле Паризиен“ додава
дека ќе бидат потребни околу 200 милиони евра за ПСЖ да даде зелено светло за
продажба на својата млада ѕвезда.