Лаутаро Мартинез нема да биде само обично засилување за Барселона

by
1 минути читање

„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона во Лаутаро Мартинез не гледа само обично засилување, туку стратегиска инвестиција во нападот која ќе трае цела декада бидејќи Аргентинецот има само 22 години.

Луис Суарез во јануари ќе наполни 34 години, а во неговата ситуација проблем стануваат и повредите кои ги има се почесто.

Лаутаро треба да дојде на неговото место, во наредните години да игра покрај Меси, а потоа токму тој да биде првата виолина на офанзивата.

Барселона такви стратегиски засилувања направи во Марк Тер Штеген и Френки Де Јонг кои долго време треба да бидат клучни алки во тимот.

Цената на Лаутаро е 111 милиони евра до првата половина од јуни, Барселона сака да помине поевтино па ќе игра на каратата и на својата атрактивност сакајќи и фудбалерот да направи притисок врз Интер за да го ослободи за помала сума.

Со активирање на откупна клаузула, минатото лето Барселона го купи и Антоан Гризман, па нема да биде изненадување ако тоа се случи и со Лаутаро Мартинез. Сепак овој пат влијание може да има и економската криза создадена поради коронавирусот.

Интер во 2018 година го купи Лаутаро за 25 милиони евра од Расинг, па негово заминување во Барселона, нероазурите би заработиле повеќе од четири пати од инвестираната сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×