Реал Мадрид беше на работ на пораз на свој терен од Лас Палмас. Гостите одиграа фантастичен меч и заслужија победа, но класата на крајот беше пресудна.
Натпреварот почна совршено за Реал Мадрид, Иско уште во осмата минута донесе водство од 1-0, но само две минути подоцна Лас Палмас преку Танаусу изедначи на 1-1.
На почетокот од второто полувреме Герет Бејл направи глупост, заработи црвен картон и го остави Реал Мадрид со играч помалку.
Лас Палмас играше одличен фудбал, изгледаше опасно од контри а многу брзо тоа го претвори и во погодоци.
По игра на Серхио Рамос со рака, беше покажан пенал за Лас Палмас кој го реализираше Виера за водство од 2-1. Само три минути подоцна Боатенг погоди за предност и од 3-1.
Реал Мадрид напаѓаше со десет играчи, имаше шанси, но и на спротивната страна Лас Палмас пропушти неколку прилики за поубедлива предност.
Во финишот од мечот на сцена стапи Кристијано Роналдо, во 86. мунута најпрво намали на 2-1, а три минути подоцна погоди за конечни 3-3.
Реал Мадрид загуби два бода од овој меч, во моментов Барселона е на првото место на табелата со еден бод пред кралскиот клуб кој има и натпревар помалку.