Лапорта подготвува „бомба“, ќе ја гради Барса околку Меси и Халанд

by
1 минути читање

Ерлинг Халанд е приоритет на Жоан Лапорта за следната сезона, напаѓачот на Борусија Дортмунд треба да биде „бомбата“ на новиот претседател на Барселона.

Неколку извори од Шпанија пренесоа дека Норвежанецот е приоритет и Жоан Лапорта сака да го гради тимот околу Лео Меси и Ерлинг Халанд.

Зделката воопшто нема да биде лесна, но Жоан Лапорта верува дека може да го искористи својот добар однос со Мино Рајола за да го донесе играчот на Камп Ноу.

Што се однесува до другите засилувања, Ерик Гарсија од Манчестер Сити од поодамна е договорен и Жоан Лапорта треба само да даде амин.

Новиот претседател исто така прави напори да го донесе и Давид Алаба а ќе биде ангажиран и уште еден напаѓач.

Кун Агуеро и Мемфис Депај се имињата од кои ќе се избира. Доколку Лео Меси го побара својот добар пријател како еден од условите да продолжи, тогаш ќе пристигне голгетерот на Манчестер Сити.

Во спротивно, Мемфис Депај ќе биде на агендата, особено доколку Роналд Куман продолжи, стратегот го преферира својот сонародник отколку Кун Агуеро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани