Лапорта официјално стана нов претседател на Барса и испрати емотивна порака до Меси

by
1 минути читање

Жоан Лапорта пред десет дена убедливo победи на изборите, но официјално беше именуван за нов претседател дури денеска откако го фати последниот воз и достави гаранции до Ла Лига во вредност од речиси 125 милиони евра.

„Само Бог знае што требаше да направам за да дојдам тука“ – го започна Лапорта својот говор со цитат од Јохан Кројф.

„Сакам да му се заблагодарам на в.д. директорот за беспрекорно спроведените избори. Сакам да им се заблагодарам на сите членови кои гласаа, особено оние кои не поддржаам. Му честитам на мојот тим, и тие се заслужни за победата. Пред нас е голем предизвик“.

За јавноста особено привлекува пораката до Лео Меси, кој беше дел од гостите на церемонијата.

„Тука сум за да носам одлуки, и една од нив е да го убедам Лео Меси да остане, тоа ќе ми биде приоритет. Ќе сториме се што можеме да го продолжиме неговиот договор. Тој е најдобриот фудбалер во историјата“.

„Извини Лео, но знаеш колку многу те сакам. Знаеш колку многу те сака Барселона. Доколку Камп Ноу беше полн, сигурно немаше да помислиш на заминување. Без разлика што ќе решиш нема да се налутиме, но ќе се обидам да те убедам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани