55
Жоан Лапорта синоќа порача дека ќе стори се за да го задржи Лео Меси. Се верува дека клучен ќе биде спортскиот проект но Барса ќе мора да биде креативна и кога е во прашање платата.
Поради пандемијата на ковид-19 и финансиската криза, „каталонците“ не се во можност да му понудат исти или подобри услови.
Последните информации велат дека Жоан Лапорта го скроил планот и на Лео Меси ќе му понуди 30% помала плата но за возврат напаѓачот ќе добие доживотен договор.
На овој начин, Лео Меси ќе биде компензиран за милионите кои ќе му бидат скратени сега.