Барселона доби нов претседател, а негова цел е да создаде моќен тим кој ќе ја врати доминацијата на каталонците. Шпанските медиуми веднаш почнаа да пишуваат за идеите на Лапорта.
Реал Мадрид силно се поврзува со Алаба, дури се пишуваше дека зделката е веќе договорена, но се уште нема ништо официјално. Халанд е поевтина опција од Мбапе, а не е помалку квалитетна, па тој е опција за Флорентино Перез.
Но, сега се вмешува Барселона. Последен пат кога тие му ги расипаа сметките на Реал Мадрид беше ситуацијата со Нејмар. Кралскиот клуб тогаш долго време се поврзуваше со екстра талентираниот Бразилец, но на крајот тој заврши во каталонскиот клуб.
На Барселона и фали централен дефанзивец и напаѓач. Продажбата на Суарез се покажа како грешка, а Халанд би можел да биде долгорочно решение на позицијата деветка.
Лапорта минатата среда се сретнал со Пини Захави и Фали Рамадани, агентите на Алаба за можен трансфер на Камп Ноу. Дефанзивецот е слободен играч и му одговара ваквиот развој на настаните кога гигантите се борат за негов потпис и ќе се тркаат кој да му испрати подобра понуда.
Дали Лапорта ќе успее да му украде некој од зацртаните цели на Реал Мадрид останува да видиме, но сигурно е дека летниот преоден рок ќе биде интересен.