Барселона синоќа избираше нов претседател, довербата ја доби Жоан Лапорта, кој победи со убедлива предност. Тој сега има полни раце работа, клубот е во тешка финансиска криза а има и многу прашалници околу иднината на Лео Меси, кој ги одработува последните месеци од договорот.
„Лео Меси ми честиташе… вчера и тој победи“ – вели Лапорта во своето прво интервју како нов претседател на Барса.
Лео Меси синоќа за прв пат излезе да гласа, потег кој многумина го протолкуваа како желба да остане на Камп Ноу, а слично на работите гледа и Жоан Лапорта.
„Наскоро ќе седнеме со Меси да разговараме на раат. Беше убаво да се види како Лео оди на гласање. Тоа е уште еден доказ дека ја сака Барселона. Убеден сум дека сака да остане“.
Пoкрај Лео Меси, честитки до Жоан Лапорта испратиле уште неколку фудбалери како Жорди Алба и Жерард ПИке.