Жоан Лапорта е
сериозен во намерата да се врати на претседателската функција во Барселона, клуб
кој бележи големи финансиски загуби изминатиов период, најмногу како последица
од пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Дека клубот е во
една мошне тешка ситуација тоа е познато, а сигурно дека фудбалската јавност е
доста заинтерезирана и за тоа кој ќе биде претседател во клубот, опција е
секако и враќање на Лапорта, кој во однос на Лионел Меси, тврди дека доколку не
победи во изборот, првата ѕвезда на тимот нема да остане на „Камп Ноу“.
„Јас имам одличен
однос со Лео, а тој ќе размисли за било каква понуда и да му укажам“ вели
Лапорта, кој тврди дека во случај да не победи на изборите, Аргентинецот ќе си
замине од клубот.
„Доколку јас не
победам, сигурен сум дека Лео нема да остане во Барселона“ додава тој, а
дополнително подвлекува дека во случајот со Меси, не се работи за пари, туку
желба на Аргентинецот да игра за силна екипа која ќе победува.
„Парите воопшто
не се проблем кај него, тој сака да биде дел од компетитивен тим кој ќе победува,
јас сум сигурен дека Меси ќе ја ислуша мојата понуда, исто како што сум и
сигурен во тоа доколку некој друг победи, тој ќе си замине од клубот“ заклучи
Лапорта.