Лампард треба да почне да победува, Абрамович веќе му нашол замена

by
1 минути читање

„Сините“ беа прилично активни на трансфер пазарот и потрошија преку 200 милиони фунти на засилувања. На „Стемфорд Бриџ“ пристигнаа Хаким Зијеш, Тимо Вернер, Бен Чилвел, Тијаго Силва, Маланг Сар, Каи Хаверц и Едуар Менди.

Сепак, Челси бележи резултати под очекувањата на стартот од новата сезона, само две победи од пет меча во Премиерлигата, па Френк Лампард веќе е под притисок.

Последните шпекулации велат дека стратегот ќе мора да влезе во победничка серија доколку сака да ја задржи работата. Роман Абрамович бара успех и титули и веќе крои планови за промени доколку резултатите не се подобрат.

Милијардерот од Русија го идентификувал Макс Алегри како потенцијална замена доколку почувствува дека на Челси му е потребна промена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани