Лампард сонува да биде тренер на Барселона

by
1 минути читање

Експертот на шпански фудбал кој соработува и со големите англиски медиуми, Гилем Балаге, тврди дека Френк Лампард сонува еден ден да седне на тренерското столче на Барселона.

Како фудбалер на Челси, Лампард неколку пати силно се поврзуваше со Барселона, но таков трансфер никогаш не се реализираше.

Англичанецот се надева дека кога не успеа да го оствари сонот да заигра за Барселона, ќе успее да отиде таму како тренер.

Сепак, за да го оствари сонот Лампард најпрво ќе треба да има многу подобри резултати со Челси отколку што има сега. Тој се наоѓа пред отказ и доколку продолжи вака нема уште долго да се задржи на клупата на сините.

Само времето ќе покаже дали Лампард некогаш ќе го оствари својот сон. Засега не изгледа дека е блиску до такво нешто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×