„Лампард се сомневаше во Пулишиќ бидејќи е Американец“

by
2 минути читање

Џеси Марш вели
дека ланската сезона имал разговор со тренерот на Челси, Франк Лампард, а истиот
разговор му донел впечаток дека шефот на стручниот штаб на Челси не го
вреднувал Кристијан Пулишиќ најмногу поради фактот што е Американец.

Пулишиќ потпиша
за Челси во јануари 2019. година, само неколку месеци пред Лампард да седне на
клупата на таа екипа и да го наследи Маурицио Сари, крилото имаше слаб старт во
новиот предизвик во Премиерлигата, за подоцна да се покаже како клучен во
битката за освоеното четврто место на крајот од сезоната.

Перцепцијата во
Европа во повеќето случаи е дека еден американски фудбалер сака да трча многу
на теренот, да вложува, да се труди, да се бори, има добар менталитет, меѓутоа,
технички не се добро исполнети, како и тоа дека од тактички аспект тие не се
доволно квалитетни и немаат големо искуство на таа тема
“ вели американскиот
тренер кој додава дека таквата перцепција полека но сигурно се менува.

Дури Франк
Лампард, кога зборував лично со него пред една година, зборувавме за Пулишиќ,
во однос на тоа како е да се има во состав таков фудбалер, при што тој ми
одговори
Тој има уште многу
за што да учи, ќе видиме што ќе се случи
, а јас му одговорив Јас
бев во Дортмунд, имаа еден доста висок степен на тактичка подготвеност, а тој
беше и повеќе од успешен во исполнувањето на задачите
“ додаде Марш.

Во Пулишиќ многумина
гледаа како еден од најталентираните фудбалери во Германија, го вметнуваа во
група со Тимо Вернер, Каи Хаверц, Џошуа Кимих, а брзо увидов дека Лампард
својата теза ја вметна најмногу поради фактот што Пулишиќ е Американец, но,
сметам дека Лампард веќе научи дека Пулишиќ е многу подобар од начинот на кој претходно го вреднуваше
“ заклучи тој. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани