Олеснителна околност за Челси може да биде тоа што Манчестер Сити има пет заразени фудбалери со коронавирус, но тоа и не мора да значи, Пеп Гвардиола има широк фонд на квалитетни фудбалери па составот со кој ќе истрча на Стемфрод Бриџ сигурно нема да биде слаб.
Притисокот врз Лампард се зголемува по серијата лоши резултати, веќе се поврзуваат можни негови наследници, но тој засега не изгледа многу загрижено иако знае дека му се потребни резултати.
„Една од моите силни страни е што не се возбудувам премногу кога ни оди добро. Но и не паѓам кога резултатите не се такви какви што сакаме. Јас сум првата личност која си става притисок врз себе. Го правам тоа постојано, за добро или лошо, па тоа не е многу променето“, вели Лампард.
„Не сум глупав, знам дека ни се потребни резултати. Сакаме да имаме резултати. Дали ги менувам работите? Понекогаш малку. Потребно е да правите и промени, но треба да се држите до вашите принципи“.
„Уживам во притисокоот. Доколку не беше така, немаше да влегувам во ова, ќе си заминев и ќе работев нешто друго“.
„Сега е време да ги наведнеме главите и да работиме. Не треба да ја гледаме табелата премногу“.