150
Челси влезе како фаворит на гостувањето кај Арсенал кој беше во очајна форма во Премиерлигата, но беше поразен со 3-1.
„Не бевме доволно добри. Во второто полувреме се боревме, но бевме лоши во првиот дел. Фудбалерите кои влегоа од клупа внесоа брзина, енергија и интензитет“, вели Лампард.
„Ќе ја прифатам одговорноста, но и фудбалерите исто така треба да ја прифатат одговорноста. Пораката беше јасна, Арсенал се опасен тим. Кога ќе излезете со 60-70 проценти од она што го можете тогаш нема да победите на ниту еден натпревар“.
„Лут сум бидејќи сакам да победуваме на натпреварите. Ова беше можност да одиме на второто место. Го добивме тоа што го заслуживме“.