Лампард ќе прави промени, Хаверц или Вернер ќе му ја одземат улогата на Жоржињо за прв пеналџија?

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Челси, Франк Лампард веќе објави дека ќе разговара со своите
фудбалери пред да донесе и конечна одлука околу тоа кој да биде прв пеналџија
во тимот, улога која досега ја обавуваше Жоржињо.

И повеќе од
очигледно е дека на Италијанецот таа улога ќе му биде одземена, со оглед на
големиот избор кој сега го има Лампард, а далеку од тоа дека причините се
поради промашениот пенал на Жоржињо против Краснодар во Лигата на шампионите,
каде подоцна Вернер беше успешен.

Се верува дека
прва опција кај Лампард за прв пеналџија во тимот на Челси е Тимо Вернер, а
голема конкуренција на напаѓачот е неговиот сонародник Каи Хаверц, обајцата беа
големо засилување за Премиерлигашот во пресрет на новата сезона.

Статистички,
Вернер од 14 обиди од белата точка има постигнато 11 погодоци, а интересен е
фактот што Хаверц има 100% учинок во ударите од белата точка, погоди во сите
седум обиди во дресот на Баер Леверкузен претходно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани