„Сините“ во 2018
платија рекордни 80 милиони евра за ангажман на Кепа Аризабалага и сметаа дека
нема да имаат проблем на голманската позиција во следните десетина години.
Сепак, Шпанецот
не ги оправда очекувањата, прави премногу грешки, па изминатово лето беше
ангажиран Едуард Менди.
Френк Лампард на
располагање го има и искусниот Вили Кабалеро, па беше прилично изненадување
кога на списокот од 25 играчи кој Челси го достави до Премиерлигата се најде и
името на Петр Чех, кој се пензионираше пред повеќе од една година и работи како технички
советник.
Чехот е ставен
„за не дај Боже“ во случај коронавирусот да направи хаос, но судејќи од она што
тој го прикажа на последниот тренинг, Петр Чех има рефлекси да биде број 1.
Petr Čech in Chelsea training…
It’s so easy to forget he’s younger than Caballero, and looks in excellent shape.
He’s also another great leader to have in the squad, alongside Thiago Silva. So much experience. pic.twitter.com/yKLOotGnSc
— LDN (@LDNFootbalI) October 22, 2020