Лампард го предупредува Венгер околу Санчез

by
1 минути читање

Чилеанецот беше
изоставен од стартниот состав на „Топчиите“ за дуелот со Ливерпул, и се
шпекулира дека Алексис Санчез бил седнат на клупа како казна за расправија од
соблекувалната која се случила неколку дена претходно.

Арсен Венгер ги
негираше ваквите стории, но медиумите и понатаму продолжуваат да говорат и
пишуваат на оваа тема.

Френк Лампард во
емисијата МНФ на Скај Спортс вечерва го предупреди Арсен Венгер околку Алексис
Санчез и вели дека Арсенал нема доволно квалитетен состав да обезбеди топ
четири пласман без Чилеанецот.

„Мислам дека
Арсен Венгер се наоѓа во тешка ситуација, во моментов не е во позиција каде
може да покаже сила
”
–
вели Лампард.

„Има големи
критики на негова адреса и на адреса на тимот
”.

„Кога сакате да
ја дисциплинирате вашата прва ѕвезда, вашиот најдобар играч и пред огромен
натпревар како гостување кај Ливерпул решите да го изоставите од тимот… ако
го изоставите од тимот и Арсенал победи, морате да го држите на клупа уште
некој натпревар
”.

„Но прашањето е
дали Арсенал без него може да заврши во топ четири? Мислам дека не може
”.

„И доколку
изгубите, како што тоа се случи, мислам дека имате навистина голем проблем
”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×