Лампард е пред отказ, двајца тренери се кандидати за неговата позиција

by
1 минути читање

Челси има само една победа на последните шест меча во Премиерлигата, а денеска не само што го загуби дербито од Манчестер Сити туку одигра многу лош меч, не создаде ниту една шанса освен голот кој го постигна во судиското продолжение.

Веднаш по поразот голем дел од англиските медиуми излегоа со прогнози дека Лампард наскоро ќе биде избркан.

Роман Абрамович нема многу трпение за тренерите кога не им оди, па се верува дека слична ќе биде судбината и на Лампард.

Не се исклучува ниту можноста отказот да се случи пред следниот меч од Премиерлигата.

Како кандидати за нов тренер на Челси се Томас Тухел кој пред неколку дена доби отказ од кормилото на ПСЖ и Масимо Алегри кој веќе подолго време е без работа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×