173
Роман Абрамович е познат по тоа што не им дава многу време на своите тренери откако ќе влезат во криза, не се очекува да биде поразлично ниту со Лампард иако тој е легенда на клубот.
Статистиката вели дека Френк Лампард со учинокот до овој момент е најлошиот тренер на Челси во ерата на Абрамович.
Лампард го водел Челси на 55 натпревари и во просек има освоено 1,67 бодови по натпревар. Најблиску до Лампард е Андре Вилаш Боаш со 1,70 бодови од 27 мечеви.
Најдобар просек има Аврам Грант, 2,31 бод од 32 натпревари, а зад него е Жозе Мурињо со 2,19 бодови од 212 мечеви. По Португалецот следуваат Конте, Анчелоти, Бенитез…
