Лацио со 1-0 победи на гостувањето кај Емполи, погодокот беше дело на Диа уште во првата минута од натпреварот.
Мечот само што почна, Диа се најде во добра ситуација и реализираше за водство на Лацио од 1-0 што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Во 38. минута Емполи остана со фудбалер помалку откако Коломбо доби втор жолт картон.
Силите беа израмнети во 76. минута кога и Хисај доби втор жолт кај Лацио.
Лацио во моментов се качи на четвртото место во Серија А, но Јувентус, Болоња и Рома допрва треба да ги играат своите мечеви од ова коло.
Емполи остана во зоната за испаѓање на претпоследното место со два бода помалку од првиот кој се спасува.
⚽️ GOAL: Boulaye Dia
— Goals Xtra (@GoalsXtra) May 4, 2025
🇮🇹 Empoli 0-1 Laziopic.twitter.com/IrOJKAGpXF