Ла Секста: Еден Азар во следните часови станува играч на Реал!

by
1 минути читање

„Кралевите“
синоќа го потврдија трансферот на Лука Јовиќ а наскоро треба да соопштат нова
зделка.

Во емисијата
„Хугонес“ на Ла Секста беше обелоденето дека Реал Мадрид во следните часови
официјално ќе го потврди трансферот на Белгиецот. Аберот дека Еден Азар е нов „крал“
треба да пристигне до крајот на денот или во четврток наутро. Клубот од
Бернабеу ќе плати околу 100 милиони евра за фудбалерот.

Ваквите стории се
спротивни на оние кои пристигнаа од Англија утрово, но и оние кои пристигнуваа
од Белгија оваа недела.

На „островото“ се
говори дека директорот на Реал, Хосе Анхел Санчез по два дена во Лондон си
заминал за Мадрид без да пронајде дил со Челси за трансферот на Еден Азар.
Марина Грановскаја не отстапува од позицијата и бара најмалку 100 милиони
фунти, околу 113 милиони евра.

Од Белгија пак
вчера пристигна вест дека „сините“ уште во април одбиле 100 милиони евра од Реал и
бараат повеќе од оваа сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани