Кутињо побарал од Барселона да си замине, Бразилецот сака да се врати во Премиерлигата?

by
1 минути читање

Се чини дека
неславно мина авантурата на Филипе Кутињо во Барселона, а тој би можел да си
замине од Камп Ноу по само една година мината во каталонскиот гигант каде
пристигна лани во јануари.

Сапуницата околу
26 годишниот Бразилец траеше подолг период, а на крајот Ливерпул се согласи да
го пушти да си замине за 105 милиони фунти, колку што чинеше неговиот трансфер
во Барселона, меѓутоа неговиот период во тој клуб мина неславно, откако на 51
меч постигна 13 погодоци, а дојде и до
тензии со навивачите на
тој клуб.

Според
известувањата кои пристигнуваат, се вели дека Бразилецот веќе побарал од
Барселона да го пушти да си замине ова лето, барем така извести „Кадена Сер“,
се додава дека тој посакува враќање во Премиерлигата, Манчестер јунајтед и
Челси се клубовите кои пријавиле сериозен интерес, а ПСЖ исто така е
заинтересиран за неговите услуги.

„Сан“ пренесе
дека Манчестер јунајтед веќе сериозно ја разгледува опцијата да го ангажира
Кутињо и наводно е подготвен да издвои 90 милиони евра за да го врати
Бразилецот на Островот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани