Кунде се чудел на една одлука на Флик: Не ми е јасно зошто сега го пушта во игра…

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија откриваат дека Жил Кунде негодувал кога Ханси Флик решил од игра да го повлече Феран Торес и на негово место да го вметне Роберт Левандовски.

Жил Кунде поради повреда ја пропушти пресметката помеѓу Интер и Барселона во вторникот, дефанзивецот од трибините ги бодреше своите соиграчи.

Медиумите од Шпанија сега откриваат како тој реагирал во завршницата од мечот, кога при резултат 2-3 за Барселона, Ханси Флик реши да го вметне Роберт Левандовски на местото на Феран Торес.

„Не знам зошто Левандовски влегува во игра, па тој беше повреден, не ми е јасно зошто сега го пушта“ – коментирал Жил Кунде.

Роберт Левандовски немаше никаков импакт врз играта на Барселона, кратко по неговото влегување, Интер изендачи на 3-3 и го однесе натпреварот во продолженија, каде Полјакот исто така беше неприметен и не се најде во шанса за гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани