Шефот на
стручниот штаб на Барселона, Роналд Куман со видно порасната самодоверба
говореше во пресрет на реванш пресметката со ПСЖ, предноста за францускиот
првак е голема, а јасно е дека на Каталонците ќе им биде потребно чудо за
истата да ја анулираат.
Холандскиот
фудбалски стратег, веројатно понесен од кам-бекот против Севиља во Копа дел Реј
и анулираната негатива од 0-2, тврди дека ништо не е невозможно.
„Се надевам дека
реваншот ќе биде мошне поинаков во однос на првиот меч, сето тоа ќе зависи од
тоа како ќе го почнеме мечот, зависи од енергијата која ќе ја вложиме на
теренот, ќе се обидеме да внесеме немир и несигурност кај противникот“ изјави
Куман.
„Тие беа доста
добри во завршницата од нападите во првиот меч, а сега ние треба да бидеме во
една таква позиција, ние сме тим кој постојано креира шанси, доколку бидеме
подобри во завршницата, ништо не е невозможно во една таква ситуација“ додаде
Холанѓанецот.
„Имавме и ние
убави моменти во првиот меч, а потоа се случи победата против Севиља, која
воедно ни донесе и самодоверба, но, како и да е, не можеме да го споредуваме
кам-бекот против Севиља со овој обид против ПСЖ, станува збор за исклучително
силен противник, решителен во намерата да ја освои Лигата на шампионите оваа
сезона“ заклучи Куман.