Куман имал состанок со Лапорта за неговата иднина

by
0 минути читање

Иако се најавуваше дека Лапорта има други планови за тренер на Барселона, сепак формата која каталонскиот тим ја покажува во последно време се чини дека му ја сочува работата на Куман.

Според шпанските медиуми, Куман и Лапорта имале состанок на кој новиот претседател му дал поддршка на холандскиот стратег и му соопштил дека тој е во неговите планови за следната сезона.

На состанокот се зборувало и за иднината на Барселона, во која насока треба да се движи клубот и кои би требало да бидат потезите на трансфер пазарот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани