Шефот на
стручниот штаб на Барселона, Роналд Куман, на пресконференцијата во пресрет на
мечот против Алавес во Примера, посочи дека имал разговор со Ансу Фати околу
тоа каде би можел тинејџерот да се подобри во својата игра.
Младата ѕвезда на
Каталонците утре полни 18 години, и тоа на денот на гостувањето кај Алавес, а
Куман беше запрашан од страна на новинарите каков совет би му дал на својот
фудбалер за неговиот роденден.
„Пред се’,
да работи напорно и да продолжи да се развива, јас разговарав со него во текот
на вчерашниот ден околу концентрацијата, во таа гледна точка, тој би можел да
се подобри, понекогаш ја губи
топката токму поради недостаток на концентрација, а не треба да говориме
воопшто за каков талентиран фудбалер станува збор“ рече Куман.
„Дефинитивно би
можел да се подобри во тој поглед, ја има нашата помош секој ден, тој е
навистина голем талент, навистина добар фудбалер, мораме да водиме грижа за
него и да му помогнеме да се развива уште повеќе“ додаде холандскиот фудбалски
стратег.