Куман: Беа супериорни, особено Мбапе

by
0 минути читање

Барселона поведе со 1-0 со погодок на Меси од пенал, но потоа почна шоуто на ПСЖ предводено од Килијан Мбапе.

„Тие беа супериорни. Беа ефективни, особено Мбапе. Првото полувреме беше многу изедначено, и на 1-0 Дембеле имаше чиста шанса. Во второто полувреме ние имавме дефанзивни проблеми и тие покажаа дека се супериорни и со топката и физички“, изјави Куман.

„Тие покажаа, особено во второто полувреме дека се покомплетен тим од нас. Треба да го прифатиме тоа и да продолжиме“.

„Треба да играме во Париз, но многу е тешко да се вратите од 4-1“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×