Напаѓачот оваа
сезона блесна во дресот на Парма, па брзо го привлече вниманието на гигантите
од Италија. Јувентус и Интер пројавија најконкретен интерес, а битката ја доби
„старата дама“ и зимоска го купи Македонецот за 35+9 милиони евра.
Дејан Кулушевски,
кој остана на позајмица на Енио Тардини до крајот на сезоната, во разговор со
Газета делo Спорт сега објасни зошто решил да се пресели во Торино. Тој имал сомнежи
за тактиката на Антонио Конте и како пример го посочи Кристијан Ериксен, кој не се снаоѓа најдобро по преселбата во Милано во јануари.
„Сите можеме да
видиме дека Ериксен се мачи во Интер. Со Конте, движењата се различни, тактичката
поставеност… имав многу сомнежи. Од друга страна, ми се допаѓа стилот на игра
на Сари, разговорот со него ми влеа самодоверба“ – вели 20 годишниот Дејан Кулушевски.
„Одам во Јувентус
да учам, со нетрпение чекам да играм покрај Дибала и неговото магично лево
стапало. Ах тој ден на стадионот „Алианц“, беше прилично возбудлив, уникатна
атмосфера! Кристијано Роналдо ми рече, „Добредојде Дејан, како си?“ Буфон и
Кјелини беа многу фини. Неизмерна радост за момче кое претходно ги имаше видено
само на ТВ“.