Интер во еден
доста драматичен финиш го доби дербито со Наполи и тоа со гол во 91. минута,
но, од таа дерби пресметка останаа расистичките извици од домашните фанови кон
Кулибали, кој се здоби со исклучување во 80. минута откако при еден жолт картон
му аплаудираше на судијата, кој веднаш потоа му додели и втор жолт картон и
предвреме го испрати во соблекувалната.
Карло Анчелоти
застана зад својот фудбалер, тој по мечот истакна дека три пати барал играта да
биде прекината, додавајќи дека Кулибали бил жртва на мајмунски извици од
гледалиштето во текот на мечот.
Самиот Кулубали
во изјава по мечот истакна дека е разочаран од поразот, најмногу поради тоа што
ги оставил ‘неговите браќа’, како што вели, а во однос на скандалот
кој се случи, заклучи дека се чувствува горд на бојата на својата кожа.
„Разочаран сум
поради поразот, но, над се’,
разочаран сум што ги оставив моите браќа на теренот“ рече Кулубали.
„Но, горд сум на
бојата која ја имам на својата кожа, горд сум што сум Французин, Сенегалец,
Наполитанец“ заклучу фудбалерот на Наполи.