170
Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља повторно привлече внимание со своето необично ветување поврзано со настапите на националниот тим.
Фудбалерот на Челси и претходно покажа дека стои зад своите зборови, па по триумфот на Шпанија на Европското првенство ја обои препознатливата долга коса во црвена боја. Сега отиде чекор понатаму и најави дека ќе ја скрати косата доколку „црвената фурија“ ја освои титулата на Светското првенство.
Со оглед на тоа што досега ги исполнуваше своите ветувања, навивачите со интерес ќе следат дали Кукуреља навистина ќе го скрати својот заштитен знак во случај Шпанија да стигне до светскиот трон.