Елиф Елмас е
дефинитивно во проблеми, големата македонска фудбалска надеж веќе одреден
период не добива прилика за настап во тимот на Фенербахче, ниту за сениорскиот,
ниту за младинскиот состав.
Единствена
верзија која ја пренесуваат турските медиуми како причина за тоа што му се
случува на македонскиот репрезентативец во тимот од Истанбул е поради неговиот
крвнички старт врз фудбалер на Бешикташ на меч од младинската конкуренција на
Турција.
Ајкут Кочаман,
стратегот од клупата на Фенербахче наводно бил гневен на потегот на Елмас, а се
шпекулира дека го имал во плановите за дуелот со Бешикташ во сениорска
конкуренција, во последен момент го изоставил нашиот фудбалер и го оставил на
располагање за тимот за фудбалери до 21 година.
По ова, речиси
сите тамошни медиуми пренесоа дека Кочаман не сакал ниту да го погледне Елмас
во лице за време на тренинзите, па останува отворено прашањето дали со ова се
врти нов лист околу престојот на нашиот репрезентативец во Истанбул, но во
негативна конотација.
milliyet.com.tr
turkiyegazetesi.com.tr
haberturk.com
gunes.com