Крсте Велкоски се врати во Сараево на нова позиција

by 24 фудбал
1 минути читање

Крсте Велкоски влече нов потег во кариерата по завршувањето на фудбалската кариера. Стружанецот останува во игра, но сега во нова улога.

Поранешниот македонски репрезентативец се врати во Сараево, клуб во кој ги имаше најдобрите моменти како фудбалер, и од сега ќе ја врши функцијата технички директор.

Со новата функција, Велкоски ќе биде клучна врска меѓу спортскиот сектор, стручниот штаб и академијата, со задача да помогне во изградбата на јасна и долгорочна спортска стратегија. Ќе има и улога во адаптацијата на новите играчи кои пристигнуваат во клубот.

Велкоски го носеше дресот на Сараево од 2017 до 2022 година, а потоа се врати во Македонија каде настапуваше за Работнички и Македонија ЃП.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×