Крос смета дека Педри е најдобар и објасни зошто

by riste
1 минути читање

Легендата на Реал Мадрид, Тони Крос смета дека Педри во моментов е најдобар на таа позиција од средниот ред, тој има големи пофалби за играчот на Барселона.

Педри игра во неверојатна форма и оние кои подлабоко го пратат фудбалот и Барселона знаат колку е големо неговото значење.

„Педри во моментов е најдобар на таа позиција според мене. Педри во глобала е играч кој ќе ви недостасува кога не игра, без разлика против кого“, вели Крос.

„Тој не само што дава голови, не само што асистира, тој ви дава решенија. Гледав да видам како Педри игра оваа сезона според статистиката, само во Лигата на шампионите тој надигрува 52 противници по натпревар, во Ла Лига е уште поекстремно, надигрува 59 противници по натпревар! Тој поминува 11-12 дефанзивци по натпревар, што е најтешко за играч од средниот ред“.

„Најдобар е. И ако ви недостасува фудбалер како него, тоа ќе се забележи“.

„Педри е еден од неколкумина фудбалер од средниот ред на таа позиција кој има дарба да надигра некој со дриблинг во тесен простор. Фудбалер како Педри ви помага во сите фази од натпреварот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани