199
30 годишниот
германски интернационалец, член на мадридски Реал, Тони Крос пред секој
натпревар, како и тренинг сесија има еден посебен ритуал, тој во неговиот нов
документарец вели дека понекогаш луѓето околу него го сметаат за луд.
Пред секој
тренинг, а воедно натпревар, Германецот има посебен ритуал, а тој открива
детали за истиот.
„Некои луѓе
сметаат дека сум луд“ вели Крос.
„Меѓутоа, јас
секогаш си ги чистам моите копачки, сакам тие да бидат чисти и бели, само така
се чувствувам слободно во нив“додаде тој.
Крос веќе шеста
сезона е дел од тимот на Реал Мадрид, за кого запиша 169 настапи, а притоа
постигна и 13 погодоци.