113
Ндерим Неџипи,досегашниот спортски директор на фудбалскиот клуб Шкупи, преку официјална објава соопшти дека си поднесува оставка од функцијата.
„Сакам да ве информирам дека си заминувам од функцијата спортски директор на ФК Шкупи!“, напиша Нехипи во емотивната објава, упатувајќи искрена благодарност до клубот, тренерите и фудбалерите за соработката и посветеноста што ја покажале во, како што рече, една тешка и предизвикувачка фаза.
Во објавата Неџипи се заблагодари и на навивачката група ,,Шверцери”.