Откако пред некој ден беше во центарот на вниманието со трите гола на дуелот со Швајцарија во Лигата на нациите, Кристијано Роналдо сега е во фокусот поради работи кои не се поврзани со фудбалот.
ЦР7 уште еднаш покажа дека е голем човек и нареди автобусот на Португалија да застане за тој да му ја исполни желбата на еден млад фан.
Пред „Естадио до Беса“ стоеше детенце кое во рацете држеше транспарент на кој пишуваше „Кристијано прегрни ме“.
Па автобусот со кој патуваа репрезентативците на Португалија застана, детето се качи, се сликаше со својот херој и доби потпишан дрес од Кристијано Роналдо.
Медиумите од Португалија пишуваат дека Кристијано Роналдо му го разубавил денот на малиот Едуардо Мореира, кој со години се бори со ретка болест.
Cristiano Ronaldo told the Portuguese bus driver to stop the ride so he could take a photo with a little kid who was holding a sign saying he wants CR7’s signature. CR7 brought him onto the bus, took pictures and gave him a signed shirt.
Incredible gesture. Beautiful. pic.twitter.com/PudexRVuGK
— FutbolBible (@FutbolBible) June 8, 2019