Фудбалерите на Кристал Палас се пласираа во финалето на ФА Купот, откако ја совладаа Астон Вила со убедливи 3-0 (1-0).
Натпреварот на „Вембли“ се одигра пред поголем број навивачи на лондончани, што беше очекувано. Тимот на Оливер Гласнер одговори на задачата и испорачаа радост за својата навивачка армија.
Во првиот половина час мрежите мируваа, а потоа Кристал Палас стигна до предност преку Еберечи Езе. Офанзивецот атрактивно погоди во 31. минута за 1-0, резултат кој беше активен на полувремето. Во второто полувреме имаше домашната екипа и промашен пенал на Матета, ама набргу стигна до удвојување на позитивата. Исмаила Сар во 58. минута даде гол за 2-0, за потоа во 94. минута да ја потврди победата на својот тим.
Кристал Палас се пласира во финалето кое ќе се одигра на 17 мај исто така на „Вембли“. Вториот финалист ќе биде познат утре по мечот на Манчестер Сити и Нотингем Форест.